валкан (прид.) - завој (имн.)

Завиткани во крвави, валкани завои, одмораат од истоштувачките деноноќни борби и од долгото ноќно патување растресени на коњските грбови и носилките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Провизорно ги миеја, бричеа, ги фрлаа валканите завои и крпи заедно со веќе непотребните партали, кои ги палеа пред салата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во неа нешто како да е живо, цело завиткано во валкани завои.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите беа преврзани со валкани завои, со парчиња од кошули, од ќебиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Фимка виде дека тој нема раце, ами нешто завиткано во окрвавени валкани завои.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)