ваш (прид.) - глава (имн.)

Кутрињата што се во мене не се обични кутриња, туку кутриња сокли, кои не ќе џавкаат, туку ќе пеат, ќе чуруликаат, ќе кликтат и ќе ве прославуваат, летајќи над вашата глава.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секогаш имаме избор да го решиме проблемот, да ја промениме ситуацијата или да ја оставиме. Нема жалење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но ова - како ветар да дува во вашите глави, братчиња.“ Кога ја запали светилката, браќата му се сторија ситни и жални.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да ја истераме темнинта шо поминува низ вашата глава, затоа што луѓето се способни да се справат речиси со се.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Офицерите, велат, офицерите ни велеа дека тие јаделе живи луѓе. - Не плашете се, им велам јас, вашите глави се сега посигурни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако одите во Таџ Махал и ако врне, Таџ Махал ќе ја заштити вашата глава од дождот, но сега тоа не е примарната цел - тој има естетска и симболичка намена, и тоа е причината за постоењето на зградите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа што го говорите треба да биде во согласност со тоа што го мислите, способноста да се најдат соодветни зборови за тоа што сакате да го кажете е во слободното изразување на чесните мисли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се е во вашата глава и во вашето срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)