ваш (прид.) - добрина (имн.)

На мајките секој ден треба да им се подаруваат убави зборови, топли насмевки, секој ден треба да им ја подарувате вашата помош во домашните работи; секој ден треба да ги радувате со вашето убаво однесување, со доброто учење, со вашата чиста облека, со доброто здравје, со вашата добрина и ведрина.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Моето пишување за Балканот на мајчиниот јазик, потоа на јазикот на моето образование, македонскиот, во времето кога се загрозуваше соживотот на народите на овие јазици, кога преовладуваше сеништето на делбите и територијалните разграничувања на населенијата, судбината на моето пишување, моето служење во дипломатијата како прв амбасадор на Република Македонија, беа клучни прашања со кои се соочував во мојот живот во потрагата по вистината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но јас го почитувам секој ваш збор кој патува кон Балканот како дел од молитвата на вашата добрина... Ваш Луан Старова
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)