ваш (прид.) - зграда (имн.)

„Добро, Нина, значи, од вашата зграда сите го познаваат Влатко, ама ќе се запознаеме сите во одделението, па и пошироко - во училишниот колектив“ рече и продолжи да поминува, свртен кон средната редица, во насока кон таблата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Ни беше задоволство. – Тој пак погледна на часовникот и, удирајќи со прстот на сказалките, рече: - Утре во ова време – покажа на деветката – ќе ве чекаме таму на раскрсницата, на почетокот на Руга Анастас Дурсаку и заедно ќе ја бараме вашата зграда... вашата куќа...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Добро, - вели човекот, - ама бива ли вашата зграда да изгледа вака грдо?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)