ваш (прид.) - иднина (имн.)

Двајцата загреани и спремни на два чекора напред, да не речам 100 проекти во визуелизација на вашата иднина, под претпоставка заедничка, со непристојни предлози од кои добиваш мигрена и висок притисок, и „цвикаторски“ карактерни особини.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ете, затоа, сине, сме загрижени за вашата иднина. Нашето мина!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нема ден на мојата омилена Самсунг металик кутија, штракајќи со даљинското и уништувајќи му ги батериите за 4 дена, да не забележам некој од нашите врвни звездочатци, гаталци и бајачи кои многу успешно знаат да ви ја проречат вашата иднина и судбина.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Само така ќе можам и натаму да се грижам за вашата иднина!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По вестите што доаѓаа овде од твојата Македонија во составот на Југославија, за судирот со Сталин овде стигнуваа лоши вести по вашата иднина. Јас често мислев на тебе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)