ваш (прид.) - коска (имн.)

- Жени, викала игуменијата и ги ширела рацете да ги запре.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Има еден убав предел, о, скрбници, во кој утринум над ридовите на вашите коски прошетува еден црвен ветер и ја разнесува правта на вашата прав и сенката на вашиот крст.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Сакате ли и вашите коски да ги собираме утре?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
При откопувањето на гробовите каде што лежеа нивните татковци, им ги собраа изгниените коски во платнени вреќички, и откако отец Серафим ги отпеа: „Мир да им течи во коските...” ги ставија врз ковчезите на нивните синови и пред да ги покријат со земја, и ним отец Серафим им отпеа молитва: „И во вашите коски мир да тече...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)