ваш (прид.) - место (имн.)

Да сум јас на Ваше место... не би зборувал за оваа работа со другите.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А сега, со Ваше одобрение, би Ве оставиле да размислите за сè, господа”, рече владиката и ширејќи ја раката кон Карер го собра и градоначалникот и заедно со него излегоа од командата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Меѓутоа стариот Бургиба, кој му ја донесе независноста на Тунис, како фанатик на политиката чекор по чекор по мирен пат благодарение на својата стратегиска мудрост ја обезбеди првин автономијата, па потем неизоставната независност на својата земја, но и како признат мудрец во земјите на третиот свет, и покрај болеста и изнемоштеноста, ќе го најде вистинскиот мудар совет за својот забрзан гостин: Пријателе Арафат, да сум на ваше место, јас би ја искористил историската шанса за да ги кажам вистинските историски зборови пред преставниците од целиот свет!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат тие денови беше во целосен револуционерен залет и занес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Да сум на Ваше место, јас би почекал.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)