ваш (прид.) - постапка (имн.)

Ќе демнат над сите ваши постапки, над сите судски одлуки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Вие провоцирате. Вие немате чувство за последиците од вашите постапки произлезени од проклетството што сами си го наметнавте.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да ги критикуваам вашите постапки.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На многу места, во сите книги од Твојата фамилијарна сага, Ти одново и одново пишуваш за таквата благородна и лековита тишина во која Твоите родители живееле цел живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Семејство здружено во длабока, сосема тивка и сосема автентична љубов.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И да не бевте формални емигранти избегани од својот роден дом (епскиот македонски збор вели: откорнатици!), сигурна сум дека моралниот кодекс на Твојот Татко и на Твојота Мајка врз целото ваше семејство ќе се пренесуваше на сосема ист начин и ќе си функционираше сосема идентично, создавајќи ви стандарди што безусловно ги определуваат сите ваши постапки и што е поважно! обврзувајќи ве тие стандарди да ги пренесувате на своите деца и внуци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Ах, жени, жени! Ако не бев доволно фин веројатно ќе можев да речам дека богатството на вашите намери не се исцрпува со вашите постапки туку и со желбите што греат од вашите очи!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се спомнуваат и суети, завист на поединци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во разговорите во кои имам случајно учествувано последиците од некои ваши постапки се третираат како недоразбирања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Не се однесува Добрата Душичка неразумно кон вашите постапки, туку вашите постапки се неразумни,“ рече Клара, и продолжи да се расправа со доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека таа расправија траеше, Макс се издвои од групата пациенти кои стоеја покрај прозорецот, се приближи до Добрата Душичка, и ја извади иглата забодена во нејзиното чело. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)