ваш (прид.) - срце (имн.)

Сполај ти ногу и да сте живи, вековити, да се ќердосате, господ некој к'смет да ви даде, и од ваше срце да си исчекате и кршчење, и свадби да направите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се е во вашата глава и во вашето срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога љубовта ќе ве најде, пуштете го сидрото, спокојно легнете на нејзините гради, таа ќе ве чува, ќе ве храни, таа ќе биде вашиот мирен дом.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И ако за момент заборавите кои сте, кога ќе ги затворите очите сетете се на оние чисти кадри и инсерти кои со брзина на светлината ви се отсликуваат во умот, моментите кога ја чувствувавте среќата и радоста во вашето срце без обврски, оправдувања и должности.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Препуштете се на ветрот на животот, едра нека бидат вашите раширени раце, спремни за секаков предизвик, бранови нека бидат желбите на душата, а брегови вашето срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубете со целото ваше срце и душа, без страв дека ќе ви го украдат срцето или ќе ја изгубите душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знам, вашите солзи тежат како црна земја, плачот на вашето срце ги пара порите на земјата, само вие ја знаете вистината, вие кои ја видовте со своите родени очи, бидејќи ниту еден од ситните души ја немаше храброста да погледне во целиот свет, урнат, запален, срушен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа што го говорите треба да биде во согласност со тоа што го мислите, способноста да се најдат соодветни зборови за тоа што сакате да го кажете е во слободното изразување на чесните мисли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сакајте до небо и над него, безусловно, без простор, без време, без казни, без осудување со божествено срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
МЕШАЕВ ВТОРИ: Вашиот разум го слуша вашето срце, но срцето ви е разумно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Свесен сум дека вас ве глода и друга мака: вие не знаете што точно сака вашето срце.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Слушајте сестри туркинки скршите лоши адети, фрлајте пусто фереџе, во ваши срца ранети радоста нека заигра...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Чудно е тоа што понекогаш, ете, во еден таков миг и времето ѝ се друго мораше да биде против вашето срце, точно како во приказните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)