ваш (прид.) - во (предл.)

4Дали вие сакавте да се запишете на Ecole normale, или тоа беше желба на вашите родители? 4Моите родители не знаеа за каква установа станува збор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- А децата? - праша Србин. - Децата, - рече Божана, - ги зедоа вашите во Брезница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За тоа впрочем Фројд и пишу­ваше во своето познато дело Идината на една илузија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше сигурно дека се влегуваше во голем ризик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Жид често престоју­ваше во Северна Африка, многу се зборуваше за Ками, се појавуваа бројни литератур­ни списанија и се јавуваа нови издавачи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потем ќе го замесеше првиот дел од тестото, ќе го облику­ваше во повеќе кори, кои успеваше да ги извие со вешти потези на рацете.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нели, сосема е природно младите да побараат скришно место каде што ќе водат љубов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Љубовта е најдобро покритие за потфатите од оној вид каков што беше вашиот во врска со Еврејското злато.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)