ваш (прид.) - убав (прид.)

Сакав да ги надоврзам овие настани на вашите убави и точни мисли за Времето на козите, што верувам дека во исто време ќе ви бидат поучни и забавни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Рафал: Маѓепсан со вашите убави очи, Боб, полицаецот скина.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Се разбира, сигурно тоа, - ќе речеше благо, навивачки другарот Трифун Трифуноски, - се гледа, пред очи е работата, ама сепак вие, мило мое, изберете една дарба, најблиска до вашата душа, таа што како пролетно поточе ви жубори во жиличките, во цветните, мали жилички, таа што како благо ветре ви вее пред вашите убави, сјајни очички, и ајдете запрете го Трифун Трифуноски, тој сосема се забораваше, се гледаше: него исто така треска го тресеше, како тој да полагаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Една убава честитка, еден ваш убав цртеж, со секојдневно ваше убаво однесување, со секојдневна љубов и почит кон мајката - тоа е вистинскиот подарок!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)