ведар (прид.) - спокој (имн.)

Се к’ти ноќта и муграта чека виделото да самне како тој што пееше во чемерната ноќ Ни смртта смрт е во надежта Надеж што ќе се збидне со ѕвездена роса под небото на најдениот збор Оставете го нека спие долго со зборот таа несоница свидна што ечи в смртта и биднината О оставете го во ведриот спокој
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)