венчален (прид.) - балдахин (имн.)

И Алегра татко ѝ и мајка ѝ ја носат до венчалниот балдахин и ја поставуваат десно од Јехуда, како што порачува и стихот од псалмите: „Од десната страни ти стои царицата”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги покриваат главите со ист молитвен шал, и кога Алегра го допира со лактот, Јехуда го чувствува стариот трепет на нејзиното тело.  Рабинот го полни пехарот со вино и ги кажува седумте благослови спомнувајќи ги младенците како заљубени пријатели.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)