верски (прид.) - заедница (имн.)

Може да се рече дека синтагмата и башка и барабар, изразувајќи ја состојбата на златна средина, односно чувство за мера, умереност, воздржаност, претставува цивилизациски модел како да се сочуваат зачуваат традиционалните вредности на својот народ, но и да се споделат како заеднички со сите етнички и верски заедници на времето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Верските заедници биле поделени на верници и неверници во следните милети: муслимански милет, рум-милет (источноправославен на чело со Цариградската патријаршија), франкискиот милет (за сите католици), ерменско-георгијански милет, милет на Ерменци католици и еврејски милет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како и во многу преземени мисии и потраги, и оваа прошетка по котите во стариот источен дел на градот на Татко и Климент Камилски остануваше незавршена.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По падот на Византија, султанот Мехмед II, најпрвин го признал рум-милетот кој ги опфаќал православните христијани, како што биле: Грците, Бугарите, Србите, Албанците, Македонците, Власите и другите православни народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според уверувањето на Карер, колку поединечните верски заедници, толку и масонската ложа беше столб за заедништвото на островјаните.  „Јас, господине Карер, од Вас го сакам списокот на секое еврејско семејство во градов”.  „А, тоа било”, малку му лекна на Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не дека животот не познаваше врски како нивната, поентата беше во тоа дека тие беа осудени на неуспех, од прогон од етничките и верските заедници на кои им припаѓаа, до фрустрациите што ги доживуваа ако само малку погледнеа во заедничката иднина, сѐ до постојани криења и сѐ поголемите и подолгите лаги што мораа, и таа и тој, да ги плетат пред блиските, за да можат да се наоѓаат и да ја живеат својата интимна фантазија и својата сѐ пострасна љубов.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Островот или наследените односи, воспитанието на почит и разбирање меѓу поединците во секоја верска заедница, што се негуваат од генерација во генерација, се тие што се чуваат како пламенот на домашното кандило, како реликвија, како највисока светија, како стара, наследена икона во домашниот иконостас, како свитокот со цитат од Тора поставен на влезот од секој дом од некоја поранешна генерација закинтски Евреи?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само една мала рапавост што ненадејно се појави во неговиот глас можеше, додуша на попроникливиот одошто тоа беше Паул Беренц, да му укаже за внатрешната сеизмика што во неговата канцеларија длабоко го тресеше Карер.  „Немаш список на твоите Евреи?!
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Гледа во еден од свештениците, повиено старче со влажен и замислен поглед, кое поради возраста веќе не служи по епархиските цркви, забележувајќи дека неговата риза е толку стара и така избледена, што наместо црна, на сивата светлина на денот се чини модра.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)