верски (прид.) - занес (имн.)

Човекот отстапил како од удар на камшик и се обидел и самиот да ја потпре десната страна на лицето на својот кундак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Преку луѓето од дружината минале морници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се занел паѓајќи најпрвин на коленици, повеќе како во верски занес отколку со боречко искуство, се искривил на една страна и, вртејќи го грлото на пушката кон земја, удрил со лице во својата сенка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онемувале и гледале вкочането, чиниш ги обзел верски занес. Чувствувале машка гладост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)