ветов (прид.) - кошула (имн.)

Сликата е направена рано наутро; сонцето тукушто е изгреано; расцутените костени фрлаат сенка на патот кон полето; мајка му во едната рака држи срп, а во другата го држи Богдана за рака; таа е облечена во вет забан, ветва кошула и опинци на нозете; забрадена е со марама; лицето ѝ е предвремено овенато, ожебавено, со модри траги што времето и животот ги оставиле; очите без сјај, без радост; устата збигорена, без насмевка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И одеднаш, домаќине мој, си се гледам, така насон си се гледам - во ветва кошула, сета скината, а рацете ем од сокот алов валкани, ем груби, старечки, со жили напнати, помодрени...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)