вечен (прид.) - живот (имн.)

Трима беха, погинаха В една полгодина, В вечен живот поминаха, Горка ви судбина!“
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Професор Освалд ја пофали стабилноста и долговечноста на пирамидите, но тоа не го толкуваше како резултат на вербата во вечен живот, туку како борба за него, и забележа дека тие безобразни, неприродно симетрични и едноставни маркации, осамени во безмерноста на пустината и времето, по најкраткиот пат од широката основа до точката на врвот совршено го отсликуваат постапното, непобед­ ливо трошење на човечкиот век.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Андерграунд уметникот е како Дракула кому крвта не му значи ништо и не сонува за вечниот живот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Зошто постојам?‘ Затечен од прашањето негово, тогаш ви реков дека самиот Бог преку пророкот Исаија рекол дека Небото му е престол, а Земјата подножје на нозете негови.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Браќа мои, оној меѓу вас што ми го постави најтешкото прашање, добро ја сфати збунетоста моја.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И ви реков дека намерите Божји се вон човечкото сфаќање и оти ние не можеме во ограниченоста на човечката природа своја да ја спознаеме големината на планот Божји и затоа треба единствено да ја прифатиме неможноста на нашите земски очи да го видат она што го гледа семоќното око Божје, та да живееме со љубовта кон него и со вербата во вечниот живот, кој не би имал смисла ако не сме се родиле како смртници, со гревот на нашите прародители, од кого ќе нè избави само смртта и покајанието...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зошто секој ден повторно и повторно грешам со телото свое и со секој ден се движам сè поблиску кон смртта ако е таа само премин кон другиот свет и ако душата моја е бесмртна, та ќе воскресне во вечен живот?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
“Остани музичар: музиката е средство за брзо пренесување, т.е. брзо пренесување до вечниот живот, т.е. до животот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ако не во вечен живот ко Ромео и Јулија ќе бидеме во вечна смрт.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ќе те чекам... Ако не во вечен живот, ко Ромео и Јулија ќе бидеме во вечна смрт...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Нивните репродуктивни медиумски јазици ја величаат смртта okno.mk | Margina #32-33 [1996] 34 како чекор кон вечниот живот во добро-рекламираните, совршено раководени пензионерски заедници наречени Рај и слично.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нивните медиумски јазици ги заштитуваат од тоа да бидат изложени, заразени или оплодени од други јазици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)