вешт (прид.) - прст (имн.)

Дали улогата на доброволен затвореник ја прифатив затоа можев да бидам непредвидливо смел само во мечтите, или поради коприната во која ме заплеткуваа вештите прсти на трите стари дами?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Настојуваше да ги помеша за игра, а картите нови, речиси залепени, тешко се покоруваа на Татковите брзи и вешти прсти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од нивните вешти прсти излегуваа, чиниш ќе полетаат, бели блескави пеперутки, ртици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Летото – тој страстен маѓосник, неодолив сплеткар, под чии вешти прсти, ние – насмеани кукли, го претрчуваме времето!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Продолжуваше да живее во мојата свест, со вкусовите на кашите на сиромаштијата, на потпеченото тесто, извиено во чудесни форми од нејзините вешти прсти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)