виден (прид.) - поле (имн.)

Додека ги изгубив од видното поле на ретровизорот, во свеста ми одекнуваше рефренот на загрижената мајка: Зарем мораш секогаш ти да бидеш првиот, првиот Коцката беше фрлена!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не го испуштам од видното поле, што се вели, не го оставам насамо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега синот, со дулбијата, допираше подалеку од видното поле на својот татко. Како да прекршуваше некаков завет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секој звук што ќе го направеше Винстон, над нивото на сосем тивок шепот, беше фаќан од него; згора на тоа, сѐ додека се наоѓаше во видното поле што го контролираше металната плоча, тој можеше да биде виден и чуен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој беше само околу пет секунди во видното поле на Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој блескаше, светкаше, танцуваше во нашите видни полиња; распрснуваше живи бои преку нашите поп-очи.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)