висок (прид.) - позиција (имн.)

Рачката со иглата се помести на многу висока позиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Првата рачка ја стави на грамофонот следната плоча.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Една од рачките на џубоксот ја постави избраната плоча на грамофонот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Живеејќи и судирајќи се со самата револуција на Ататурк, во нејзините пресудни периоди, а понесен од своите младешки идеали, лишени од секаков конјунктурен компромис, од секакво профитирање од состојбата во која се наоѓав благодарение на високата позиција на Фетхи-беј Окијар, јас во себе ја зацврстував аргументацијата дека револуцијата на Ататурк за лаицизација никогаш не ќе биде докрај успешна и целосна доколку не го опфати и муслиманското население на Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, кога тој, во уште подраматично време од својот живот, во Цариград, не ја прифати партијата на Ататурк која му нудеше брилијантна судиска кариера и висока позиција во новата власт, а не го прифати ни благословот на ниедна партија во родната земја кога, во времето на фашизмот, не ја прифати и понудата да ѝ се приклучи на Татковинската партија, по цена на губење на родното огниште и одење во траен егзил, не гледаше ниту сега посилна причина, во името на судиската кариера што му се нудеше, да стане член на Комунистичката партија! По никаква цена!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
По дипломирањето, сигурного очекуваа високи позиции во судската хиерархија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Интересно е да се спомене дека со секој нареден бран на вакви колективни отпуштања, правата на оние работници кои остануваа на улица беа сѐ помали и помали.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради кризата од која не се гледаше излез, многу вработени беа прогласени како технолошки вишок – и тоа во неколку наврати, а некои и самите се обидоа да си го бараат „чарето“ на друго место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, поранешни вработени на високи позиции во „Порцеланка“, а меѓу кои имаше и членови на првичниот синдикат, заедно со политичко-партиска логистика, извршија проневера не овие средства, за што подоцна некои од нив беа и кривично гонети, па дури и осудени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не можам да замислам ороспија на висока позиција.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Заминаа од животите речиси непризнати, непознати, на маргините на општеството, а многу позаслужни од многу други кои зазедоа високи позиции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како што Климент Камилски не можеше да има среќна иднина во тогашната југословенска Македонија, да го добие своето високо место во хиерархијата на повоената власт во Народна Република Македонија, со оглед на својот деклариран просоветизам, тој дури и невин одлежа строг затвор, така и Татко со својата османскотурска диплома по правни науки и албанското емигрантско минато, кој можеше да смета на висока позиција во хиерархијата на власта на нова Турција, не можеше да смета на позиција во новото југословенско комунистичко општество.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие создаваа и живееја, како што нагласуваа во повеќе пригоди, за подобрата иднина на нивните потомци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во „Дом, смештај и исхрана“, на висока позиција - да лупи компири и кромид и да мие казани и лонци.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како впрочем му го понудиле?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако не беше пресреќна со местата, таа со радост ги пречека вестите дека маж ѝ е поканет за главен рабин на Александрија, потоа и за професор на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Блефира ли, или вистина има пријатели на високи позиции.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како да ги прочита мислите на Беренц, митрополитот стана, отиде до прозорецот, ведро му мавна некому оттаму и спокојно додаде:  „Мислам дека враќањето од интернацијата им го должам на тие влијателни пријатели”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше уверен дека од ова послушно дете ќе излезе важен човек.  Последен пат го виде својот учител пред девет години, кога се врати во Жешов да побара благослов од родителите за новата висока позиција што му беше понудена меѓу поголем број кандидати, да биде главен рабин на Солун, Вториот Ерусалим.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Чувствуваше како високата позиција сè повеќе го вовлекува во себе, па наместо со децата и со неа, тој се преокупира со задржувањето на функцијата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Видни личности од ова семејство имаа високи позиции уште во времето на Отоманската Империја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го следев Сојузниот со внимание. Нешто и забележував, не да покажам сериозност, но најчесто кога сакав да ја одржам концентрацијата, запишував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Речиси во сите фази на напредувањето на Али Фетхи, подоцна наречен Окјар (стреловита мисла), од страна на Мустафа Кемал Ататурк, во знак на неговите реформи, баба се надеваше дека еден од синовите ќе биде прифатен од нејзиниот полубрат на висока позиција, па потоа и сето семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сојузниот погледна врз хартијата пред себе, бездруго мојата биографија и продолжи: Вие сте релативно млад човек (тогаш 42 години), а добивате висока позиција во дипломатијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Не? Добро; откривањето на документот на трето лице, кое нема да го именувам, би ја довело во прашање честа на една личност од мошне висока позиција; и оваа околност му дава на имателот на документот моќ над видната личност чиишто чест и спокојство на тој начин се доведуваат во опасност.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Поради братовото влијание, кој беше на високи позиции во здравството во Републиката и во Федерацијата, прво како министер, а потоа и претседател на Собранието на Македонија, од неговите колеги беше формиран и посебен медицински конзилиум кој требаше да направи сѐ Мајка да се спаси.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Видни претставници од нејзиното семејство имаа високи позиции во Отоманската Империја, некои од нив втасаа и до паши, а добро беа поставени и во првата независна албанска држава.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)