висок (прид.) - функционер (имн.)

- Таму, во домот, во романскиот град Синаја, откако на сет глас со секојдневната парола “Со Mаркос напред”, си пожеливме добар апетит, главниот на домот ни соопшти дека на посета ни се дојдени високи функционери на нашата борба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаше други приоритети за големата разбранета Федерација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас со своите толкувања на последните Арафатови барања, со неговите повици за мирна разврска за конфликтот, за неговото колнење во мирот, како да внесував дисхармонични тонови пред надлежните високи функционери на мојата последна завршна средба по завршената мисија од Шестата управа за надворешни работи, надлежна за Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
39. Освен В.Чернодрински, кој впрочем и не беше висок функционер на Организацијата, не ни е познато некој од раководните функционери да издавал книшки на македонски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еден висок функционер ни чита на српски, а Оливера ќе рече: што е ова, Небеска, да не нѐ школуваат за Срби?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За таа цел биле известени и поканети да присуствуваат конзуларниот кор, цивилните и воените високи функционери на вилаетот, шефовите на големите претпријатија и други јавни работници на Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Беше еден од незаборавните министри во Сојузното министерство за надворешни работи, каде со почит и восхит зборуваа за него од вратарите до високите функционери.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Висока интелектуалка со задник до петици. - Висок функционер со воловски врат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)