висок (прид.) - чиновник (имн.)

Но тој си беше во својот картагински рај, опкружен со светот на Бројгел и убавата Паола, користејќи ги раскошните сончеви зраци во својата градина, во сенката на палмите и расцветаните портокали Како да се најдов во хамлетовска дилема: да се однесувам како висок чиновник, од профилот на амбасадорот Тунчер или како амбасадорот Пико некогаш, храбар дипломатски донкихотовец.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Среде широкото плато со видик кон Мраморното Море стоеше Али Фети со сопругата Галибе Хаки, од татко висок чиновник во Империјата и од мајка која му припаѓала на султанскиот двор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Турскиот амбасадор во Тунис, со претци од Босна, Муарем Тунчер, со кого имав прекрасни односи, кој беше историја за себе, велеше дека вистинскиот амбасадор е само висок чиновник на својата земја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)