вистински (прид.) - бел (прид.)

А ова е една векна леб... вистински бел леб, не она ѓубре што го јадеме... и мало тегличе со џем.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но сега, ова „козја контрареволуција”, оваа вистинска бела наезда, ги одложу­ваше, па дури и ги нарушуваше сите стратешки замисли на главните идеолози и мислители на партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но недостигаа моќните институции кои враќањето, создавањето на палестинската држава ќе го претвореа во реален и издржлив процес, тој тешко можеше да се справи и со противниците на мирот од обете страни.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Арафат сепак не се врати на вистинскиот бел коњ во Палестина! - прифатив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако ќе се минеше дрвениот убавец, пред нас се покажуваше вистински бел дворец, на врвовите од предниот истурен дел, небаре бранет од редица статуи – каријатиди со човечка става, а крај нив камени маски со семожни изрази.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)