вкочанет (прид.) - поглед (имн.)

Зјапаше со празен и вкочанет поглед што не гледа ништо, зашто неговиот поглед беше свртен кон самиот себе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мршата лежеше со лцето свртено кон него, со ширум отворени очи од кои зрачеше стаклест вкочанет поглед.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Имав вистински уплав од тоа птичиште со жилави нозе и вкочанет поглед, со врат што заканувачки се издолжуваше и се вовлекуваше како да е на федери.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа повторно се сврте кон Милан и гледаше во него со збунет и вкочанет поглед.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Познатиот свет беше прекриен со необично привидение, еден вид треперлив, сив, нефокусиран и вкочанет поглед, како да носеше очила што не му одговараат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Очите ѝ беа проширени и имаа вкочанет поглед и беа покриени со волшебна блескавост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Гледаше без трепкање и со вкочанет поглед во нискиот таван.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)