владејачки (прид.) - група (имн.)

Ефектот беше да ги убеди владејачките групи во сите земји дека уште неколку атомски бомби би го означиле крајот на организираното општество, па според тоа и на нивната власт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Владејачките групи секогаш беа до извесна мера заразени од либерални идеи и со задоволство ги оставаа работите недовршени, обрнувајќи внимание само на она што нивните поданици го прават, а не и на она што го мислат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во минатото, владејачките групи на сите земји, иако можеле да го утврдат заедничкиот интерес и според тоа да го ограничат уништувањето од војната, се бореле едни против други и победникот секогаш го ограбувал поразениот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Војната ја води секоја владејачка група против своите сопствени поданици, а цел на војната не е да се изврши или да се спречи освојување на територија, туку да се сочува структурата на општеството таква каква што е.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Една владејачка група е владејачка група сѐ додека може да го наименува својот наследник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И, по обичај, владејачките групи на сите три сили се истовремено свесни и несвесни што прават.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иглтон ја отфрла зачестената сугестија дека терминот станал повеќе проблематичен одошто вреден и го нуди следното како дефиниција: „идеи и уверувања кои помагаат да се легитимира интересот на една владејачка група или класа особено со изопачување и затајување.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Постојат само четири начини на кои една владејачка група може да падне од власт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)