влажен (прид.) - крпа (имн.)

Оној Исус не напаѓаше луѓе и само сакаше да запали куќа за да го изгори сотоната. „Курвино семе“, а само малку пред тоа држеше влажна крпа врз удреното око и, гледајќи се во напукнатото огледало на сивиот ѕид, мислеше на сѐ што мисли здрав човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со заби ја прегриза папочната врвца, со влажна крпа ја изми, се испра сама и дури потоа повика некој да дојди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Подобро е листот да се пребришува во влажна крпа или сунѓер, како што ќе сториме сега.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
После ја фрли влажната крпа на под и се тргна од огледалото - доста, попе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)