внатрешен (прид.) - состојба (имн.)

Тоа не значи дека вашата порака мора да биде здодевна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ваквиот пристап вашиот текст ќе го направи поубедлив, а графичкиот приказ по­реле­вантен. (Терминот релевантно е посебно модерен во американскиот маркетинг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите податоци во огласот мораат да бидат релевантни за потрошувачот, што значи треба така да бидат „погодени“ да ги отсликуваат точните внатрешни состојби на примачот на информациите, за тој да ги сфати сериозно и да се однесува според нив.)
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што изгледа оправдано кај овие идеи е порекнувањето дека една индивудуа може да ги именува сопствените внатрешни состојби преку еден акт на внатрешна остензија, и врз таа основа да му придаде смисла на дискурсот за сопствената психолошка историја, која логички не е пристапна за никого, освен за него самиот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но токму тоа е случај од гледиштето на потенцијалниот приватен следач на правило: оваа дистинкција нему не му е достапна, и според тоа, не му е достапна ниту праксата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Прашања од нивото на свесност Нивото на свесност овозможува индивидуите да ги преиспитаат промените во развојот кои се одвиваат преку алтернативно ниво на акција и да определат кои се можните нови сознанија за: (а) природата на нивните предиспозиции и желби, (б) карактерот на различните квалитети на индивидуата и на нејзините односи со другите, (в) структурата на нивните внатрешни состојби, (г) содржината на преферираните вредности, верувања, и конечно, (д) природата на нивните определувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Прашањата од нивото на свесност ја помагаат артикулацијата и извршувањето на овие алтернативни предиспозиции, желби, лични квалитети, односи со другите, внатрешни состојби и верувања, и тоа кулминира во „ре-визија“ на личното животно определување. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 51
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Индивидуата која заклучува дека “само-занемарувањето” имало големо влијание на нејзината/нејзиниот живот (претходна доминантна тема) може да дојде до заклучок дека промените на алтернативното ниво на акција одразува дека тој/таа се ангажирала во “проектот на само-поддршка” (алтернативна тема или контратема).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Терапевтите можат да ја доведат во прашање идејата дека поседуваат објективен и непристрасен опис на реалноста, и да ја поткопаат можноста дека индивидуата ќе биде подложена на наметнување на идеи, со поттикнување на клиентите да ги интервјуираат во врска со интервјуто.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како резултат на ова, терапевтот е во состојба да ги деконструира одговорите (вклучувајќи ги прашањата, коментарите, мислите), сместувајќи ги во контекст на своите лични искуства, имагинација и внатрешни состојби.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како што вели самата во својата песна „Поезија“- „Љубовта е поезија, поезијата е љубов“ (во претходната збирка „Полиглот на тишината“) целосно јасно укажувајќи на својата непресушна потреба секоја своја внатрешна состојба, надворешна иритација, секое најмало шумолење на лисјата или ветрот, да го искаже со стихови.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Гневот и жалоста можеше јавно да се потврдуваат и да се изведуваат токму затоа што не искажуваа некоја особена, индивидуална, лична и можеби патолошка внатрешна состојба што ги тишти геј-луѓето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)