воен (прид.) - активност (имн.)

Кон крајот на 1942 била создадена мошне тешка ситуација со разбивањето на некои партизански одреди и одлевањето на кадрите, како резултат на масовни апсења, загинувањето на Мирче Ацев и Страшо Пинџур.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во почетокот на летото 1942 новоформираните одреди започнале засилена политичка и воена активност изразена во рушење на окупаторската власт, палење на општинските архиви, вооружени судири со окупаторската војска и полициските сили.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Исто така претпоставувал дека и единиците на ЕЛАС можеле да преземат воени активности на истата територија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)