воен (прид.) - богаташ (имн.)

Зар да не ја посети пријателката Маре кога дозна за наводите што го обвинуваа татко ѝ Чардаклија дека му помогнал на воениот богаташ Баручиев да засолни кај него дел од својата стока?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Вашите податоци благо речено може да се сметаат за невалидни, или поточно, лажни".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговите зајадливи пародии и напади против германските малограѓани, војници, воени богаташи и укочени чиновници Валтер Сокел точно ги означи како паралели на Стернхајмовиот испрекинат дијалог.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И тие обвиненија можеме да ги сметаме за невистинити бидејќи единствено власта е таа што има увид во сите стоки што ги има одземено, а во таа смисла и скапоценостите (како што е наведено во вашата пријава) од воениот богаташ Басотов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А што било? Јас можев веќе да ја заокружам приказната: Во ноември 1944 година, кога почнува посистематско собирање на таканаречените отпадници од народот, соработници со окупаторот, квислинзи, воени богаташи, кулаци и слично, за Борко Угрин се отворило ново поле за дејствување.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)