воен (прид.) - болница (имн.)

Својата слечена жолтокожност ја оставив висната на чивилукот во собата 43, во скопската Воена болница. (Жолтилото го задржав само во песните и во белките.) Утревечер заедно со мојот втор живот скромно ќе си ја прославам Старата Нова Година.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Првин ме сместија во болницата на Црвениот крст, но, кога ја видоа раната, ме однесоа во воената болница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А потоа, пак се нашле во Шпанија, во една воена болница.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но кога смртта веќе беше блиску на 29 октомври 2004-та, тој е пренесен во една воена болница во Париз со помош на францускиот претседател Жак Ширак.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И најпосле непредвидено, како што само судбината умее да ги режира настаните, наметнувајќи ја случајноста како апсолутен арбитер, настапи времето, дојде неочекувано мигот кога катарзично се ослободуваше времето минато крај Арафат во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа се случуваше во последните есенски денови на 2004 година кога Јасер Арафат донесен од Рамалах со социјален француски воен авион во воената болница Перси во Кламар, близу Париз, агонично ги минуваше последните мигови од животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Затоа Арафат, подјаден од непозната болест, со години не сакаше да ја напушти Палестина за да се лечи во странство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Фоте и Боге се сретнаа за првпат кога Фоте колабираше на работното место и веднаш беше однесен во Воената болница, а Боге беше во конзилиумот лекари што го испитуваа и му ја дијагностицираа болеста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Одговор побарав во книгата “Грчката болница на островот Волин”, чиј автор е организаторот и главниот хирург на специјалната воена болница под шифра “250”, тогаш мајор, а подоцна бригаден генерал, д-р Мјечислав Барчиковски.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)