воен (прид.) - брод (имн.)

Хеликоптерите сега повеќе се употребуваат отколку порано, авионите - бомбардери се во голема мера заменети од самонаводни проектили, а лесно ранливите подвижни воени бродови им го отстапија местото на речиси непотопливите Пловечки тврдини; во секој друг поглед не е направен речиси никаков напредок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сиот беше дамкосан од воени бродови, а морето личеше на изложба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Чекореше од едниот до другиот крај на школскиот воен брод во големото Шибеничко пристаниште.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Англискиот конзул Билјоти се обратил до англискиот амбасадор во Цариград молејќи го, по можност, најблискиот воен брод до Солун (од Волос или од друго место) да се испрати како заштита на градот од евентуални безредија97.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Си ја вообразувале интервенцијата на Европа, веќе го “гледале“ доаѓањето на нивните воени бродови во солунското пристаниште.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По неа пристигнале и австриски и француски воени бродови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Појавата на воените бродови придонесла егзархиското население да се успоки, а кај некои предизвикувала и лажна надеж дека, сепак, саможртвата на гемиџиите ќе даде некакви резултати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За властите не било тешко да забележат какво влијание имало присуството на воените бродови врз она население со кое, ползувајќи ги атентатите како повод, тие планирале посериозно да се пресметнат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зад „Трансилванија“ се до Гиблартар пловеше англиски воен брод.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш ни рекоа бргу да слеземе долу во амбарите и збор да не пуштиме зашто англиски воени бродови се доближуваат, та ако слушнат врева, тогаш ќе почнат да нѐ бијат со топовите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Раководителот лично го прими во својата канцеларија, чиста и уредна како воен брод, и му поднесе срдечен извештај за состојбата на неговата сопруга.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А Сатурн ја заштити болничарката. – Ме известија од осигурителната компанија за автомобили – рече. Раководителот задоволно се сложи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)