воен (прид.) - вештина (имн.)

Тука, во летните месеци 1948 година не носеа на плажа, повеќе да вежбаме воени вештини, по програма и распоред, отколку да пливаме и да се сончаме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зборот се употребува и во политиката: Боже, сочувај нѐ од аџамии!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Одродени, откинати од татко, мајка,од вера, од браќа и сестри, од сите свои уште како деца на воз­раст од 12 до 15 години, во името на законот, односно данокот во крв наречен девшурме (одбирање), ги учеле во Цариград, во специјални воени училишта, на сите воени вештини, па кога ќе завршеле, стапувале во елитните воени единици како јаничари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Садриазамот се сврти спрема старецот; тоа, да не ја нападне првин главната цел, туку да удри на неа, со сите расположиви сили, дури откако ќе ја обезбеди заднината, беше основа на неговата воена вештина, па сега, упорно загледан во старецот, се прашуваше дали тој не го лаже, дали навистина луѓето се избегани на Имотот?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овде младите се воведувале во читање, пишување, проучување на исламот и воените вештини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)