воен (прид.) - врв (имн.)

Со посебно внимание се следеле сите активности што се одвивале во редовите на НОВ и ПО на Македонија, како и чекорите што биле преземени од страна на воениот врв на ГШ на НОВ и ПО на Македонија во врска со плановите за натамошниот развој на Народноослободителната војна во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На другиот крај од океанот, во САД, одржаниот говор на Черчил предизвикал бран од дискусии во печатот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 13 март 1938 Германија извршила аншлус на Австрија; на 29 септември 1938 била одржана конференцијата во Минхен меѓу Хитлер, Чемберлен, Мусолини и Даладје по кој судетската област и била отстапена на Германија (1-10 октомври 1938).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кон тоа придонесувал и фактот што дури и одредени членови на југословенскиот политички и воен врв во емиграција, а еден од нив е и извршителот на 27-мартовскиот удар во 1941 година, потоа претседател на Владата во емиграција, Душан Симовиќ, истапувале преку печатот, повикувајќи "ги сите вистински патриоти да му се придружат на маршал Тито (Јосип Броз) и националноослободителното движење", а "непризнавањето на Движењето, предводено од партизанската привремена влада... ќе претставува дело против нашите сојузници и олеснување на работата и активноста на нашите непријатели".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во ноември 1937 на состанокот на највисокиот политички и воен врв на Германија Хитлер ги изложил плановите дека “обезбедувањето на дополнителен животен простор” може да се оствари само со употреба на сила.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Меѓутоа, тие секогаш не биле во тек со она што се случувало во однос на политичките и воените одлуки.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)