воен (прид.) - дезертер (имн.)

Се зголемил бројот на воените дезертери и одметници кои го пљачкосувале населението.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Таквата состојба му дала нов замав на ајдутството кое некаде се претворило во масовно движење на населението (Мариовско, Битолско, Тиквешко, Велешко, Штипско).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
А за да го убеди началникот оти навистина се посрби, почна да ги брка своите селани — воени дезертери, што не сакаа да се борат против пријателот на Бугарите — Австроунгарија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Даскалот Бино ја наведна главата. И додека по малку се надеваше да го поканат да си го земе старото место — даскаллакот, една вечер го најдоа во Село Манастир неколцина четници — поправо воени дезертери што ги бркаа со Јована — и го фрлија жив од една стена блиску до селото, во еден длабок процеп, од каде што ни орлите не можеа да го изнесат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)