воен (прид.) - инвалид (имн.)

Помеѓу нечитливите податоци, во заглавието на листот, за првпат прочита оти и официелно, тој е Раде Ич, (името на војникот - сигурно беше пренесено од матарката), а под името, беше назначено она што веќе го тормозеше неговото тело; дека станува збор за тежок воен инвалид.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На влезовите од зградите беа поставувани списоци на новозагинатите на бојните полиња, по улиците среќававме воени инвалиди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Војната донесе сиромаштија - немавме сапун, немавме петролеј, немавме брашно, немавме леб; најчеста храна ни беа компирите и оризот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)