воен (прид.) - кабинет (имн.)

Ако сѐ до 1943 година меѓу Воениот кабинет и СОЕ постоела „усогласност“ во однос на помагањето на движењето на отпорот, од 1943 година на сцена стапила политиката и уште едно државно тело кое се вмешало во односите меѓу Воениот кабинет и СОЕ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Знаеја: по заминувањето ги очекува онаа иста еднолична, монотона работа во своите воени кабинети и институти, крај своите воени карти со заокружената потесна локација на своите задолженија и проучувања - Балканот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во контактите со воените кабинети на сојузничките влади или слични владини организации успешно се прикривало постоењето на организацијата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во документацијата на СОЕ, Министерството за надворешни работи и Воениот кабинет не успеавме да пронајдеме некој извештај од/за оваа мисија. 75
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По својата форма на формирање СОЕ претставувала хибрид формиран од повеќе одделни организации кои биле формирани за таа цел: од секција Д како дел од тајната известителна служба (Secret Intelligence Service-SIS), задолжена за изведување на саботажи и која била активна на Балканот пред 1941 година; МИР дел од воениот кабинет и Elektra House, задолжен за пропагандна активност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)