воен (прид.) - коњ (имн.)

...од крвавата тетратка на седумнаесетгодишниот лунарен поет распарчена од бајонетите на практичните бојници преку збрчканата европа што тревожно се пресметува со аристотеловскиот артритис кон вратоломиите на воените коњи во пенливиот базен совршена капија на холивудското враќање во праисторијата (навистина) сјајнокожната глутница е убедливо добра додека алчно ги голта сребрените рипчиња на кои не им преостанува ништо освен да бидат проголтани неминовно болно но егзотично чисто тоа Ам сигурен сум ќе влезе меѓу најуспешно снимените кадри на природна исхрана сочувано како такво во куќните видеотеки на страстниците прикажувано на тајните сеанси на видеомастурбантите што возбудени се надвикуваат чуствувајќи како повторно ќе им прсне слепото црево...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)