воен (прид.) - машинерија (имн.)

Меѓу поизразените цели биле предвидени рушење на железничката магистрала Атина-Скопоје-Белград-Виена и други комуникации, а со цел попречување на линиите за снабдување на германско-италијанските трупи во Африка и Медитеранот како и диверзии на рудници и фабрики што лиферувале стратешки суровини и производи за фашистичката воена машинерија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Пристапувањето на Кралството Југославија кон Тројниот пакт само било потврда на неможноста да се формира балкански фронт кој би му се противставил на германското напредување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Под силниот притисок на германските војски на 8 април било заземено Тетово, Гостивар (9 април), а на 10 и 11 април и градовите: Ресен, Охрид, Струга и Дебар.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Камилски со уверлив глас, како да се наоѓаше на својата некогашна катедра, продолжи: Башибозукот, како архаична варијанта на мерценеријата на Балканот, со сите нејзини мрачни обележја, во крајна линија беше дел од османската воена машинерија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И покрај почетниот успех во борбите против италијанските воени сили единиците на Кралството Југославија биле немоќни да се спротивстават на германската воена машинерија која незапирливо напредувала.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Британците биле свесни оти Грција не може да ѝ се спротивстави на германската воена машинерија, уште повеќе што тие немале никакви можности да ѝ помогнат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)