воен (прид.) - музика (имн.)

Реков дека војската нема никаква врска со патриотизмот; се повикав на Ајнштајн, кој има речено дека човек кој може да маршира на воена музика, во строј, очигледно добил голем мозок по грешка, и дека за тоа му е сосема доволен малиот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Телекранот беше поминал на нападна воена музика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Соопштението од Министерството за изобилство заврши со нов сигнал на труба, а потоа и отстапи место на воената музика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во другата соба некој се обидуваше со чешел и со парче тоалетна хартија да ја следи мелодијата на воената музика што сѐ уште трештеше од телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вешто како мачка Пенчо се искачи по железната ограда; остро ми потфрли: - Ајде, што чекаш? Воена музика?...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Преку радиото и телевизијата надојде вистинска поплава од патриотски говори, воена музика, филмови од нашето херојско минато.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)