воен (прид.) - опрема (имн.)

Во согласност со директивата да се помагаат сите движења на отпорот во окупираните земји претставниците на СОЕ веднаш пристапиле кон организирање на мисија која би заминала во Македонија и би го сондирала теренот за испраќање на оружје и воена опрема на групите кои се борат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
236 Во текот на припремите за операцијата Хелиум поради недостаток од оружје и воена опрема, а како резултат на големиот прилив на нови борци, било одлучено од страна на мисијата Spike “сите пратки од оружје и муниција за Македонија ќе одат за Brasenose кој има три илјади невооружени повторувам невооружени луѓе.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Убиени преку шеесет Германци, заробени десет Германци, еден топ, две оклопни возила повторувам оклопни возила, три радиокомплета и два камиони со воена опрема“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Убиени се седумнаесет Германци, дванаесет се заробени, еден мотор, една противтенковска пушка и разновидна воена опрема“217а “на 29 на патот Прилеп-Велес, повторувам Прилеп-Велес уништени два германски камина, убиени десет Бугари и дваесет контрачетници.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во овие заседи и во третата за која деталите сé уште не се познати, партизаните излегоа само со една жртва“.179 Во овој период многу интензивни станале контактите на британските воени мисии со својот штаб барајќи доставување на воена, санитетска и лична опрема за Првата, Втората, Третата и Четвртата бригада.180 Но и покрај секојдневните побарувања за доставување на воена опрема пратките не биле доволни за да ги задоволат партизанските потреби.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во согласност со директивата, да се помагаат сите движења на отпорот во окупираните земји, претставниците на СОЕ веднаш пристапиле кон организирање на мисија која би заминала во Македонија и би го сондирала теренот за испраќање на оружје и воена опрема на групите кои се борат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Најмногу има арапски зборови кои означуваат разни звања, професии и титули, како на пример: валија, везир, кадија, кајмакам, калфа, муфтиш, султан и други, или термини во врска со војската и воената опрема како: анџар, арач, аскер, забит, низам, талим или пак во врска со исламот: алах, аџија, вакаф, ездан, еџел, имам, еџел, ислам, куран, курбан, минаре, муфтија, муезин, оџа, рамазан, теќе, тулбе, џамија, џемаат шеријат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од тој момент па сè до крајот на војната членовите на британските воени мисии во своите извештаи од територијата на Македонија секојдневно ќе го запознаваат својот шеф Фицрој Меклин за состојбата во Македонија, а овој извештаите ќе ги препраќа до клонот на СОЕ во Каиро, кој по анализите ги препраќа до Главниот штаб на СОЕ во Лондон, каде што и се креирала британската воена и политичка стратегија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По пристигнувањето на првата британска воена мисија на територијата на Македонија започнало и пристигнувањето на првите пратки со воена опрема, како и со санитетски материјал, облека и др.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)