воен (прид.) - пилот (имн.)

Честопати кога го надлетував Медитеранот во повеќегодишната мисија во Тунис се потсетував на мислите изречени од писателот- пилот Антуан Де Сент-Егзипери, прославениот автор на Малиот Принц, мисли жнеени во бескрајниот свет на тишината на ѕвездите, во неговите мисии како еден од првите воени пилоти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Привлечноста на цртежите, не се должи единствено на постојаното користење на препознатливите симболи и нивната евокација на теми позајмени од уметноста на Симболизмот и Романтизмот, цртежот 88 Margina #15-16 [1995] | okno.mk секако зазема значајно место во Бојсовата уметничка биографија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во 1950-та, откако го заврши школувањето на Уметничката академија во Дизелдорф, Бојс неколку години беше обземен од длабока депресија, често опишувана како продолжена реакција на неговото доживување на Втората Светска војна, како воен пилот и падобранец.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нови јаничари, без око да им трепне, беа воените пилоти, кои како да фрлаа играчки, со кастрирана совест, кои фрлија атомски бомби врз Нагасаки и Хирошима од кои загинаа само за неколку минути стотици илјади луѓе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)