воен (прид.) - план (имн.)

Во овој период на воен план од мали партизански одреди се формирала македонска војска48 која со успех, за сите четири години на војната му се спротивставувала на германскиот, бугарскиот и италијанскиот окупатор.49
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Идн, како искусен политичар, бил наполно свесен дека на Балканот е "неизбежно да има директен судир на интересите", а во "догледно време и конфликт" во однос на нивното разграничување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На воен план Македонија била поделена на четири оперативни зони.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Исто така, тој побарал експертите во Форин офис да се изјаснат дали таквата советска политика "би можело да има влијание врз нашата политика и врз нашите воени планови во подоцнежните фази од војната и, доколку има, на кој начин тоа би се случило".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Била формирана и воено-територијална служба со осум команди на подрачја и 34 команди на места.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)