воен (прид.) - поход (имн.)

Во овој воен поход, преземен на навалување на Углеша чија територија, по затврдувањето во Едрене, Турците непосредно и постојано ја загрозуваа, турската војска, помногубројна и подобро организирана, однесе победа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но во замена за тоа, покрај со воени давачки (носителот на титулата спахија да учествува во воени походи, плус да опремуваат еден војнички шатор, двајца коњаници и тројца пешооди) ги обврза и половината од приходите на Потковицата, во вредност од 94.000 акчиња годишно, нему да му ја даваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сепак, за да им даде на знаење на Акиноските да не полагаат премногу надеж во неговата наклонетост, а веруваше дека на тој начин пред своите високодостојници ќе ја нагласи и својата лукавост, Мустафа Челеби, преку разните свои собирачи на приходи, им порача да си знаат дека не ги потурчува не зашто не сака да го стори тоа, туку дека си има своја скришна сметка: ако ги преведе во ислам, ќе мора да им додели турски благороднички титули, а со нив да им ја остави на целосно уживање и Потковицата, или да им додели нов имот, а тоа, за него, ќе значи загуба на сигурни приходи, толку потребни лично нему, на Портата, и на војската, за честите воени походи во Европа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги фалеше сите Акиноски - да им се умножат достоинствата - носители на спахиска титула, во тој контекст лично и него, Софорнија, - да му се зголемат гордостите - за успешното управување со Потковицата, за редовното и чесно исплаќање на давачките, за лојалноста спрема султаните и за нивното храбро учество во воените походи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие, новите спахии, заедно со нив, со Акиноските, за секој воен поход ќе опремувале пет војнички шатори, односно секој спахија по еден, пет коњаника и десетмина пешооди, односно секој спахија по еден коњаник и по двајца пешооди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Камилски продолжи со аргументацијата: Башибозуците биле нередовни коњаници, односно биле мобилизирани како помошен дел во воени походи на Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кај некои од нив тоа што беше останало од детството, и се развиваше во посилно битие од другото, накалеменото, успеваше да се помести во минатото и да ја објави битката на спасот. Битката на пробудениот јаничар.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Размислуваше за овие ешалони кои со нестивната борба на двоверјето длабоко, во нивните ранети души, исчезнуваа во одаите на султанските лавиринти или на воените походи од каде што некогаш како деца заминале.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, и народите на Балканот го сочувале зачувале овој збор, со блиска, но никогаш различна конотација? рече Камилски, насочувајќи го разговорот кон ставот кој требаше да се заземе за зборот табиет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Жедта за моќ и владеење, која тешко се контролирала во големите воени походи и завојувања, ќе ги предизвика трајните делби, прекројувањата на границите и немирите на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Крај нас стоеја големи стаклени витрини, полни со необични предмети; по ѕидовите висеа големи слики што прикажуваа непознати предели, морски луњи, ерупции на вулкани, воени походи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во 1199 Византискиот император Алексеј III Ангел организирал воен поход со цел да го уништи Хрс.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Беа како напуштена фаланга на која повеќе никој не смета Во текот на целиот месец минат во Бањица, во воена касарна, нѐ будеше звукот на војничката труба, како повик некаде да се замине, како во сите воени походи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Понекогаш тие игри беа измачувања, кога доктор Гете ги негираше исказите на оние пациенти кои опсесивно зборуваа за блиските кои ги загубиле, или кога на Ханс, кој секогаш кога ќе го слушнеше зборот „зошто“, удираше со главата од ѕидот, упорно му го поставуваше прашањето: „Зошто удираш со главата од ѕидот?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш тие игри изгледаа како лежерно потсмевање: кога некој кој веруваше дека е Казанова, го прашуваше за неговите љубовни авантури, или некој кој тврдеше дека е Наполеон, го прашуваше за неговите воени походи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)