воен (прид.) - раководител (имн.)

Посебно внимание партиските и воените раководители од делот на Македонија под Бугарија посветувале на прашањето за разјаснување на македонското национално прашање и за македонското националноослободително движење во минатото.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Се нагласувало дека партизанското движење во овој дел на Бугарија претставувало продолжение на историските традиции на македонското национално ослободително движење од времето на Гоце Делчев и Јане Сандански.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Поради тоа, Филота, еден од неговите воени раководители бил егзекутиран, а неговиот татко Парменион бил убиен.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
ДА - МАКЕДОНИЈА ВО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НЕ - ОБЕДИНЕТА, НЕЗАВИСНА И САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА Парцијалните извештаи од раководителите на британските воени мисии за политичките ставови на македонските политички и воени раководители, како што видовме, ја подигнале мобилноста на британскиот политички естаблишмент.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со Второто заседание на АСНОМ завршила фазата кога еден дел од македонските политички и воени раководители се надевале дека ќе се реализира идеалот на голем број македонски револуционери за обединета, самостојна и независна македонска држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Најдобар доказ за тоа претставува реакцијата на Форин офис во време на одржувањето на Првото заседание на АСНОМ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Некои од нив, кои не можеа да ја прифатат реалноста, завршија по островите, затворите и во излолација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ако речам дека преку женскиот пол искусниот администратор може во секое време да ги дознае сите најтајни движења на потчинетите, веќе тоа ќе биде доволно да се докаже колку е битна оваа административна метода.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Бројни се дипломатите, кои на овој начин ги откриваа непријателските замисли и потоа ги оневозможуваа; бројни се воените раководители, кои со истата метода ги добиваа битките или навремено бегаа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)