воен (прид.) - суд (имн.)

Како резултат на провалите и фатените членови на КП во првата половина на 1942 преките воени судови во Софија и во Горна Џумаја осудиле припадници на КП, партизанските чети и групи од делот на Македонија под Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На овие судења биле изречени 12 смртни казни.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Најпосле, моралната агонија на која невиниот Били го подложуваат воениот суд и следователната осуда само служи за да додаде нова, скокотлива и потресна димензија на неговото дотогашно совршенство како телесен објект: „ретката лична убавина на младиот морјанин“ се „продуховила сега преку последниве толку жално длабоки искуства“ (375). ‌Тоа зачеточно продуховување на Билиевата прекрасна плот им нуди на вљубениците во него глетка премногу восхитувачка за да ја прекинат ставајќи му крај на неговото страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и бродскиот капелан ја користи ранливоста на Били ноќта пред неговото погубување за да го бакне по образот, но не му ни паѓа на ум да се обиде да го спаси згодниот морнар од ништење: „доблесниот маж ни со прст не мрдна да ја смени злокобата на онаквиот маченик на воената дисциплина“ (373).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тука Захаријадис ги извлече на бина од која пред сите зборуваа најтешки зборови за нив, од таа бина паднаа најтешки обвинувања за што во воено време се оди на воен суд и се добива најстрога казна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Марко Бошнаков бил уапсен две недели по почетокот на работата на Вонредниот воен суд.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој цинично ми одговори: ’Сеедно ни е дали тие ќе бидат обесени здрави или болни!...’“181 На 6 мај Георги Манасов бил внесен во еден голем салон, во кој, покрај неколку виши офицери на чело со претседателот на Вонредниот воен суд Едип паша, имало и двајца цивили.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во таков случај, како соработник на атентаторите, Гарванов ќе одговорал за истото дело како и гемиџиите и ќе бил суден од истиот Вонреден воен суд и неговото дело немало да се префрлува во цивилен суд.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како сведок, Милан се јавил пред Судот и го прочитал следниот однапред подготвен текст: „Господа судии, долупотпишаниот осуден во врска со настаните во градот од 28, 29 и 30 април, сѐ што сум рекол во врска со обвинетите лица на кои сега им се суди, е забележано во протоколите на Воениот суд.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А Вонредниот воен суд, како што обично било насекаде, бил создаден со цел ефикасно и брзо да ја задоволи правдата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дваесет и тројца велешани биле испратени во Солун, изведени пред воениот суд и осудени од 3 до 5 години.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Воениот суд истрага вршел и врз другите затвореници.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И пак под воениот суд, и пак, кога почна фронтот, на прва борбена линија, пак меѓу гранати и куршуми...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Ти за ова ќе одиш под воен суд!“ стрешти и замина.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ги доведоа до масата послана со зелено кадифе. На предниот ред пред масата седеа членовите на воениот суд.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Последната претстава ќе се одигра таму, на малиот плоштад, врамен меѓу тврдината, пристаништето и зградата на воениот суд.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Низ серија цртежи ги исмејува скороевците и новите богаташи. 1917 го упатуваат на нервна клиника бидејќи на воениот суд му се заканува смртна пресуда.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ме испитуваа француски воени судови. Генералот ја виде играта, односно ја увиде замешаноста на асмата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Војници, воениот суд за дезертерите има само еден збор - смрт.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Високиот се фали дека, ако најде пиштол кај тебе, ќе те прати пред воен суд или во лудница.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нумо подзастана, полека сврте глава и рече: - Не мисли дека јас му се плашам на Високиот или треперам од страв да не одам пред воен суд или во лудница.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И командантот, фалбаџијата, загина. Го распарчи граната.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Примаат едноноги и еднооки, се само да можеш да пукаш...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А во командата на баталјонот дознаа и по телефон се раскараа со пцости и ми се заканија со воен суд, демек ќе ме стрелаат, ако јас неа не ја стрелам. Како да стрелам осумнаесетгодишно девојче?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Командантот најавyва воен суд и лично извршување на казната доколку до планираното време баталјоните нема да се средат и не тргнат во нов напад.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Секој што ќе се повлече за чекор, не, за сантиметар, на воен суд и стрелање пред строј.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се заканува со воен суд.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дојдов да ви судам. Воен суд. Скратена постапка.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)