воен (прид.) - тајна (имн.)

Го призна убиството на истакнати членови на Партијата, призна дека растурал субверзивни летоци, дека проневерувал јавни фондови, дека продавал воени тајни, призна саботажа од секаков вид.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За ваквото однесување може да се случи и да ве повикаат на одговорност - втаса да ги предупреди сите тројца, откако забележа дека го слушаат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Другар Мајка! - успеа да се втурне Господ Саздов во настанатата тишина и почна да објаснува дека кафеаната не е место за издавање воени тајни. – Случаите со одење кон Солун не смеат да се спомнуваат овде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Одлетале од некој таен аеродром во Канада на состанок некаде во Сибир и конферирале со членови на Евразискиот генералштаб, на кои им предале важни воени тајни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Ане, рече, се викаш. А од каде си, ако не е воена тајна?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)