воен (прид.) - филм (имн.)

Гледавме само руски воени филмови. На почетокот, додека не сфативме дека сето тоа е платно, бегавме или се криевме под столовите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во подрумот се чувствував како статист во воен филм.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Партизан“ го нарекоа киното кое се прочу не толку по прикажувањето на советските воени филмови, туку по тоа што тука Захаријадис од сите источни земји собра свои поклоници и ја формира народно – ослободителната и револуционерна организација на Славомакедонците и ја нарече ИЛИНДЕН.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Синоќа на кино. Сѐ воени филмови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)