возбудлив (прид.) - трпки (имн.)

Господе, господе, почна отец Иларион да шепоти и да ѝ се потргнува од рацете, но допирајќи го своето лице до нејзиното, и тој почувствува возбудливи трпки по снагата и почна да ѝ се припива со целото тело, да ја разгрнува мантијата, да се распетлува, и во мигот кога требаше со целото свое тело да ѝ ја почувствува врелината на нејзината кожа, кога ја заграби со рацете да ја впие во себе - таа исчезна како да беше дух или демон, му остана прегработ празен, а од прозорчето задопира грозен кикот, гракчење на гавран или на нечистиот, исмејувајќи го што го доведе до оваа бедна состојба, што вака го понизи и го огреши.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Влезе во келијата како и другпат да ѝ држи епитимија на Смилјанка; таа лежеше гола на постелата; кога ѝ пријде и кога го зеде веленцето да ја покрие, таа се покрена, го фати за рацете за вратот и го повлече кон себе; тој почна да се трга, да се опира, да се исправа, но нејзиното тргање беше посилно и тој клекна на колена крај неа, а потоа се наведна над неа допирајќи ѝ ги градите со брадата; таа од влакната почувствува скокот и возбудливи трпки по кожата и уште посилно го привлече влечејќи му ја главата кон своето лице.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа ги навали очите и почна да му раскажува како пред три дена тој дошол да ѝ држи епитимија, таа лежела гола во постелата; тој се наведнал да ја покрие со веленцето, а таа се поткренала, го фатила со рацете за вратот и го привлекла кон себе; тој почнал да се трга, да се напиња, да се исправа, но нејзиното тргање било посилно и тој клекнал на колена крај неа, а потоа се наведнал над неа допирајќи ѝ ги градите со брадата; таа од влакната почувствувала скокот и возбудливи трпки по кожата и уште посилно го привлекла влечејќи му ја главата кон своето лице.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Богуле ѕиркаше низ цепот од вратата и ги гледаше што прават и му врвеа возбудливи трпки по телото, срцето забрзано му биеше, здивот му запираше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)