воздушен (прид.) - простор (имн.)

Во овој дел на Берлин, кадешто бучавоста од моторите уморува, заглушува, модерната линија на архитектурата е изразена толку убаво во високите објекти, што се чини дека надвиснуват во воздушниот простор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
51 Со напредокот на технологијата, меѓународните режими за полициска контрола над границите сега можат да ги регулираат новите начини на употреба на ненаселени простори, како на пример Антарктикот, океаните, воздушниот простор и вселената.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Zygmunt Bauman, Globalization: The Human Consequences. (Cambridge, UK:Polity Press, 1998), 210.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Обвиени од густиот прав што тегнеше над градот, и од првата уште проѕирна облека на ноќта, тие личеа на големи црвеникави клинци заковани, без ред, во преситениот задавен воздушен простор...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И упорно си повторував во себе,додека преку два аеродрома и осум илјади километри воздушен простор летав кон непознат правец над Атланскиот океан: - Ако заборавам, сѐ ќе изгубам!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)