возрасен (прид.) - граница (имн.)

Потоа, во ноември 2005 година настана мало, но позитивно поместување на возрасната граница за стекнување право на старосна пензија кај оваа категорија лица од 35 на 33 години за мажи и од 30 на 28 години за жени (чл. 1, ЗИЗПИО/ноем.05) за на крајот, во јуни 2006 година да биде пропишано дека изземањето ќе се применува најдоцна до 1 септември 2007 година (чл. 19, ЗИДЗПИО/06).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како дополнителен кумулативен услов, придодаден на најниската возрасна граница, претставува и лицето да не завршило задолжително образование.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Низата кај возрасната граница за мажи беше продолжена од 63 на 64 години (почнувајќи од 2001 година), а кај жените беше прифатена возрасната граница содржана во ЗПИО за периодот до 2003 година и беше дополнително предвидено таа да биде повишена на 62 години до 2007 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На таков начин, севкупно, во периодот 1994-2001 година возрасната граница за мажите е повишена за четири години, додека возрасната граница за жените, во периодот 1994-2007 година е повишена за дури седум години (види Табела 1).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)